Гласовите се преброени – познат е победникот на детската Евровизија.
Ерменија застана на врвот. 14-годишната Малена со песната „Qami Qami“ освои вкупно 224 поени, со што ѝ припадна трофејот на музичката манифестација.
Победничкиот настап
Нашите претставници застанаа на 9-то место со вкупно 114 поени. Од публиката, ѕвездите од „Дајте музика“ добија 59 поени, а од националните жирија им беа доделени 55 поени.
Најмногу 12 поени ни даде Албанија, а потоа следуваа 10 од Азербејџан, 8 од Русија, 5 од Ирска, 5 од Ерменија, 5 од Украина, 5 од Франција, 3 од Србија и 2 од Грузија.
Настапот на македонските претставници
Вкупно 19 земји учествуваа на овогодишното издание на музичкиот натпревар, а ова се финалните резултати:
