Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Енис Барди стана татко, ги сподели првите фотографии со бебенцето и го откри името

Енис Барди стана татко, ги сподели првите фотографии со бебенцето и го откри името

Енис Барди и неговата сопруга Фестина станаа родители.

30-годишниот капитен на македонската фудбалска репрезентација доби ќерка и ги сподели првите фотографии со неа. Бебенцето се роди во Турција, а убавата вест ја споделија од неговиот клуб Коњаспор кои први му честитаа на нашиот фудбалер.

Девојчето го доби името Аја.

„Нашиот фудбалер Енис Барди и неговата сопруга Фестина добија ќеркичка, која ја крстија Аја. Му честитаме на семејството Барди и ѝ посакуваме на малата Аја среќен и здрав живот“ – стои во објавата на клубот.

Енис Барди

На Instagram story, Барди сподели фотографија на која ја држи Аја во болница.

Енис Барди

По раѓањето на ќеркичката Барди пристигна во Македонија. Тој тренираше со репрезентацијата за гостинскиот натпревар во Белгија во квалификациите за Светското првенство.

Енис Барди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.