Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ен Хетавеј сподели дека е бремена со второто дете и испрати љубов до сите што се соочуваат со неплодност

Ен Хетавеј сподели дека е бремена со второто дете и испрати љубов до сите што се соочуваат со неплодност

Ен Хетавеј го покажа пораснатото трудничко стомаче и објави дека е бремена со второто дете.

36-годишната оскаровка во кратка порака откри дека имала проблеми со зачнувањето на двете деца и им испрати многу љубов на сите оние кои се соочуваат со неплодност.

„Не е за филм... Број 2. Шегата настрана, сите кои минувате низ пеколот на неплодноста и зачнувањето, ве молам знајте дека не беше права линија до ниту една од моите бремености. Ви испраќам екстра љубов“ – напиша славната холивудска ѕвезда на Instagram.

Ен и нејзиниот сопруг Адам Шулман стапија во брак во септември 2012 година, а станаа родители на 24 март 2016 година. Тие имаат синче, кое го носи името Џонатан Роузбенкс.

Ен Хетавеј и Адам Шулман Ен Хетавеј и Адам Шулман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.