Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Еми 2016: „Game of Thrones“ е најдобра драма, а „The People v. O.J. Simpson“ со најмногу награди

Еми 2016: „Game of Thrones“ е најдобра драма, а „The People v. O.J. Simpson“ со најмногу награди

Синоќа Лос Анџелес беше домаќин на 68-то по ред издание на доделувањето на престижните Еми награди. Манифестацијата се одржа во театарот „Микрософт“ и собра врвни ѕвезди од телевизиската индустрија.

„The People v. O.J. Simpson: American Crime Story“ беше големиот победник на вечерта. Вистинската криминална приказна се закити со пет статуетки, меѓу кои за Најдобра мини-серија. За својата улога во истата серија, Сара Полсон доби награда за Најдобра актерка во мини-серија или филм, додека Кортни Б. Венс беше прв во категоријата Најдобар актер во мини-серија или филм.

Еми 2016Рајан Марфи, продуцент на серијата „The People v. O.J. Simpson: American Crime Story“ Еми 2016Кортни Б. Венс Еми 2016Сара Полсон

Хит-серијата „Game of Thrones“ се покажа како најуспешна во три категории, но најзначајна е статуетката за Најдобра драмска серија.

Екипата на GOT

„Veep“ повторно беше избрана за Најдобра ТВ серија комедија.

За Најдобар актер во ТВ серија комедија беше избран Џефри Тембор за „Transparent“, а честа да се нарече Најдобра актерка во ТВ серија комедија ѝ припадна на Џулија Луис-Дрејфус од „Veep“.

Еми 2016Џулија Луис-Дрејфус Еми 2016Џефри Тембор

За својата улога во серијата „Mr. Robot“, Рами Малек ја присвои статуетката за Најдобар актер во драмска серија, а Татијана Маслани беше прогласена за Најдобра актерка во драмска серија за улогата во „Orphan Black“.

Еми 2016Татијана Маслани Еми 2016Рами Малек

Целосната листа на победници можете да ја најдете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.