Елена Ристеска ја разигра многубројната публика на Пастрмајлијадата во Штип.
Македонската пејачка сподели фотографии од настанот кој на 20 септември ги спои музиката, традицијата и гастрономијата во Градот под Исарот. Убавата музичарка шармираше во кратко црно фустанче, кожена јакна и чизми.
„Конечно фотки од Пастрмајлијадата во Штип која се одржа на 20ти септември, во саботата. Благодарност до организаторите на прекрасниот настан. Долго ќе се памети“ – напиша Елена.

















