Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ед Лакман е добитник на „Златна камера 300“ за животно дело на 40-тото издание на „Браќа Манаки“

Ед Лакман е добитник на „Златна камера 300“ за животно дело на 40-тото издание на „Браќа Манаки“

Американскиот кинематографер Ед Лакман е првиот лауреат на Златна камера 300 за животно дело на 40-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола.

„Ед Лакман со децении е во врвот на американските и светските кинематографери, со неколку филмови Оскаровски кандидати, за кои требаше да добие макар еден Оскар, но заврши со 2 Ннминации. Затоа Фестивалот Браќа Манаки токму на својот Јубилеј со задоволство му го дава нашиот „Оскар“ – ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300 ЗА ЖИВОТЕН ОПУС, што тој апсолутно го заслужи“ - велат организаторите на „Браќа Манаки“.

Како кинематографер, Лакман има работено на над 80 филма во текот на својата кариера. Дел од нив се: „Erin Brockovich“, „Far from Heaven“, „Carol“, „I'm Not There“ и „Ken Park“.

Ед Лакман

„Иако физички хендикепиран, тој импресионира со својата креативна енергија, од неговите почетоци на стартот на 1970, до најновите 3 целовечерни играни проекти, снимајки по неколку филмови во една година. Тој е еден од ретките кинематографери, кој покрај својата базична вокација се покажал и како добар режисер потпишувајќи 10 филмови, скоро 20 пати и во улога на снимател-камерман во филмови, во кои негови колеги, некои и наши лауреати, се кинематографери, а и тој во двојството на кинематографер-режисер, со посебната љубов кон документарниот филм (кратки, среднометражни и целовечерни), при што скоро половината од неговиот опус се од документарниот жанр, снимајки и режирајќи и за ТВ, како и видео-комерцијални спотови. Работејќи со многу режисери, неговиот креативен израз го красат разновидни стилови кои се во зависност од играната или документарната форма, прилагодувајќи се и на креативниот процес и сензибилитет на конкретниот режисер“ – пишуваат од Фестивалот.

Ед Лакман

Оваа година е јубилејното 40-то издание на „Браќа Манаки“.

„Во годината кога славиме јубилеј на фестивалот, а идната година ќе одбележиме 70 години на ДФРМ, може да кажам дека конечно спласнаа сите оние контрадикторности и антагонизми кои во нашата фела беа присути со децении. Сметам дека за целиот конгломерат на институции, почнувајќи од Агенцијата за филм, која сите нас нè финансира, ДФРМ како асоцијација на професионалци, образовните институции, се разбира Кинотеката, без која не би можел да се реализира фестивалот и сите останати помали или поголеми институции поврзани со филмот, тука мислам и на филмската критика, почнуваат да дуваат поволни ветришта и дека македонската кинематографија оди во позитивен правец, таа добива сопствен облик и специфика и слика пред светот, со која ќе се претставува во годините што доаѓаат“– рече Игор Иванов - Изи, претседател на Друштвото на филмските професионалци, на прес конференција во Скопје.

Ед Лакман

Тој се заблагодари на директорката Гена Теодосиевска, на уметничкиот директор Благоја Куновски Доре, на Кинотеката на Македонија, на Вардар филм и на Агенција за филм и на Горјан Тозија за она што го прави за ДФРМ и особено за овој фестивал, како столб на филмската дејност.

Иванов информираше дека и оваа година ДФРМ ќе ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Директорката на фестивалот „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска истакна дека подготовките за јубилејното издание се интензивни. Таа се заблагодари на Игор Иванов - Изи, Општина Битола, на Центарот за култура од Битола, на „Вардар филм“ и на Кинотеката на Северна Македонија, чиишто директори присусвуваа на прес конференцијата.

„И додека сите заедно со Иванов и со Благоја Куновски работевме напорно на оваа издание, паралелно работевме и на други наши соработки, веќе ве известивме дека фестивалот ја доби големата награда на Имаго за особени заложби во областа на филмската уметност. Наш претставник презентираше пет кратки македонски филмови на фестивалот за краток филм во Познањ, Полска и претставивме пет млади режисери. Минатата недела во Данскиот филмски институт претставивме македонски играни филмови од помладата генерација наши режисери и затоа мислма дека овој фестивал прераснува во партнер на европските и светските фестивали што беше и нашата мисија – фестивалот да не биде само прикажување филмови, туку да биде оска на поврзување на нашите филмски автори со европските и светските филмски автори“ – рече Теодосиевска. Таа информираше дека годинава терминот на фестивалот е поместен порано заради совпаѓањето со фестивалот во Сан Себастијан и можноста повеќе филмски критичари и новинари, особено од регионот, да можат да го проследат „Браќа Манаки“.

Ед Лакман Ед Лакман

На прес кинфоренцијата беше пуштена и видео пораката на Лакман, кој се заблагодари на наградата и рече дека тоа за него значи уште едно поврзување со неговото источно европско потекло. „Во источна Европа ја најдов уметноста, во Америка животот“.

„Едвард (Ед) Лакман веќе подолго време бил еден од кандидатите за наградата за животно дело и нов член во клубот на великаните на „Браќа Манаки“ – рече Благоја Куновски – Доре. Тој додаде дека името на Лакман е на самиот врв не само на американскиот, туку и на светскиот филм и е вистинско задоволство што тој ја прифати поканата да дојде на фестивалот.

Ед Лакман

„Имајќи го за нов лауреат на Златната Камера 300 за животен Опус, со инспиративната димензија на неговата неуморна творечка енергија и со сета негова хумана, алтруистичка благородност-во ликот на Ед ЛАКМАН, прославата на 40 Јубилеј на Браќа Манаки, добива најсоодветен чин на воспевање на уметноста на кинематограферите“ – рече Куновски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9520 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.