Еуфоричното славје на тимот танчари од Македонија кој освои прво место на Светско првенство шири позитивност на социјалните мрежи.
Моментот кога танчарите ја пеат македонската химна во Љубљана забрзано мами аплаузи и пофалби.
Откако победија на „IDO World HipHop, Breaking & Popping Championships 2025“, танчарите од студиото „Еурека“ одекнаа со кратко соопштение и ѝ се заблагодарија на кореографката Ања Јолакоска:
МАКЕДОНИЈО ИМАШ НА ШТО ДА СЕ РАДУВАШ И СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕШ! Химната се пееше на цел глас, а Љубљана ја обоивме црвено-жолта. Емотивно е мал збор, испишавме ИСТОРИЈА. Тацот и љубовта секогаш победуваат! Верувајте во себе и вашите соништа.
@anja.jolakoska ни подари парче вистинска бајка.
На натпреварот во Словенија учествуваат над 4.000 танчари од над 30 земји од светот.
