Ева Лонгорија беше меѓу ѕвездите поканети на банкет на Hollywood Foreign Press Association. Свеченоста се одржа по повод распределување на парични средства за потпомагање на хуманитарни организации поврзани со забавната индустрија.
На црвениот тепих, 44-годишната актерка зачекори во бел фустан со два шлица. Креацијата е од бразилскиот бренд Vitor Zerbinato.





И Кери Вашингтон, Рене Зелвегер, Камила Морон и Систин Сталоне ја разубавуваа манифестацијата во Беверли Хилс.



