Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија за мајчинството: Убаво е и магично, ме промени во секој поглед

Ева Лонгорија за мајчинството: Убаво е и магично, ме промени во секој поглед

Ева Лонгорија е среќна и посветена мајка. 44-годишната актерка не се разделува од синчето Сантијаго ниту кога чекори на црвениот тепих, ниту кога ги извршува своите работни обврски.

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ сними фотосесија за „Haute Living“ и во интервјуто зборуваше за мајчинството.

„Мајчинството ме промени во секој поглед. Сè е поразлично. Ти веќе не си центарот на твојот универзум. Сега, сè се врти околу него и неговиот распоред и неговите потреби. Мојата прва година како мајка беше токму онаква каква што треба: беше убаво и магично. Но, ништо не ме изненадуваше... Знаев дека ќе бидам уморна. Знаев дека ќе биде тешко“ – вели Лонгорија.

Ева Лонгорија

„Ги средувам работите ден по ден, многу сум ефикасна. Нема минута во денот која не ми е испланирана – дури и играњето со син ми. Велам: ‘Ќе си играм со Санти од 4 до 7 пред да оди во кревет’. Закажувам сè – дури и медитацијата. Добро функционирам на тој начин, знам точно каков ќе ми биде денот и тоа ми влијае терапевтски. Кога имаш дете, мора да правиш сè точно на време. Мораш да се вратиш дома пред да си легне, за да го искапиш и да бидеш со него во текот на ноќта. Сакам да бидам покрај него наутро кога ќе се разбуди, па закажувам состаноци врз основа на тоа“ – објаснува таа.

„Среќна сум што имам работа со која можам да го носам со себе. Го носам во канцеларија, на сет, зад камерите. Тој е со мене од првиот работен ден. Навистина добро ги балансирав работата и мајчинството бидејќи имам работа која ми го овозможува тоа“ – додала шармантната филмска ѕвезда.

За фотосесијата, Ева носи креации од брендови како Dior, Fabiana Milazzoи Atelier Le Lis.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.