Музичкиот талент вирее во семејството Бочели.
Андреа Бочели имаше специјална гостинка за време на концертот „Believe in Christmas“. Италијанскиот тенор заедно со малата ќерка Вирџинија ја изведе „Hallelujah“ во празната оперска куќа во Парма.
Шармантното 8-годишно девојче самоуверено пееше покрај својот славен татко.


Вирџинија е дете на Андреа и неговата втора сопруга, Вероника. Парот се венча на 21 март 2014 година.



Од првиот брак, 62-годишниот оперски пејач има два сина – Амос и Матео.
