Семејството Бочели недискутабилно поседува огромен музички талент.
Оперскиот пејач Андреа Бочели заедно со 11-годишната ќерка Вирџинија гостуваше во емисијата „Good Morning America“ и непосредно пред празниците ја испеа „Let It Snow“.
Слаткото девојче беше облечено во црвено фустанче.
Минатиот месец, Андреа издаде божиќен албум снимен со Вирџинија и синот Матео, во кој е вклучена и нивна верзија на познатиот празничен хит „Let It Snow“.
„Татко ми ме научи како да го користам мојот глас и тоа многу ми влијаеше во животот“ – вели Вирџинија.






