Почетна » Новости » Музика » „А Family Christmas“: Андреа Бочели со синот Матео и ќерката Вирџинија сними божиќен албум

„А Family Christmas“: Андреа Бочели со синот Матео и ќерката Вирџинија сними божиќен албум

„А Family Christmas“ е насловен албумот на семејното музичко трио Бочели.

64-годишниот Андреа Бочели заедно со неговиот 25-годишен син Матео и 10-годишната ќерка Вирџинија обработи 13 божиќни песни.

Албумот содржи традиционални божиќни песни аранжирани за три гласа.

На албумот се наоѓа и новата песна „The Greatest Gift“ за која веќе е објавен и спот и веќе има огромна слушаност.

„Нема ништо поубаво од создавањето музика со сопствените деца“ – изјави Андреа.

„Мислам дека е привилегија. Пеењето на овие песни заедно, чувствувањето на празничната топлина со моето семејство е нешто навистина посебно. Тоа е суштината на Божиќ, да се создаваат спомени, на кои секогаш ќе се потсетуваме. Навистина е возбудливо кога ќе помислам дека луѓето ќе имаат завиткана копија од нашиот албум под елката“ – дополни Матео.

Триото Бочели ја отпеа и позната песна „Feliz Navidad“.

Албумот „A Family Christmas“ беше објавен на 20 октомври.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.