Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дублерот на Вин Дизел е во кома по пад на глава на снимањето на „Fast & Furious 9“

Дублерот на Вин Дизел е во кома по пад на глава на снимањето на „Fast & Furious 9“

Дублерот на Вин Дизел е во вештачка кома во болница поради пад додека снимал сцени за „Fast & Furious 9“ во Велика Британија. Снимањето на филмот засега е прекинато.

Џо Ватс паднал на главата од височина од околу 10 метри, изведувајќи каскадерска сцена на местото на 52-годишниот актер, кој наводно бил присутен на местото на несреќата. Каскадерот бил пренесен со хеликоптер во болница.

Џо Ватс Џо Ватс

Според информациите во странските медиуми, до инцидентот дошло откако се скинал кабелот за безбедност кога каскадерот скокнал од балкон. Полицијата е на местото на несреќата и спроведува истрага за да ја утврди точната причина.

Џо Ватс

„Каскадерот падна од височина од десетина метри, можеби и повеќе. Вин Дизел пристигна на местото по неколку секунди. Тој беше блед, целосно во шок и едвај ги задржуваше солзите. Тој виде што се случи“ – рекол очевидец за The Sun.

Вин ДизелВин Дизел фотографиран пред еден месец со свој дублер на снимањето на „Fast & Furious 9“ Џо Ватс Џо Ватс

Ватс има работено и на други филмови и серии како „Game of Thrones“, „Kingsman: the Golden Circle“ и „Spider-Man: Far From Home“. Тој има свршеница, која исто така работи како каскадер.

Џо ВатсЏо Ват на снимањето на „Kingsman: the Golden Circle“ Џо Ватс Џо Ватс

„Fast & Furious 9“ планирано е да започне да се прикажува во киносалите во мај следната година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10378 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.