Дуа Липа го отвори овогодишното виртуелно издание на „Billboard Women in Music“.
25-годишната пејачка во речиси празна сала ја изведе нејзината песна „Boys Will Be Boys“. За настапот, Липа избра впечатлива креација од колекцијата висока мода за сезоната пролет 2016 на Џамбатиста Вали.





Видео
Славната музичарка со косовско потекло доби бројни комплименти и за изгледот и за вокалните способности. Во песната „Boys Will Be Boys“ таа пее за сексуалното малтретирање на жените и токсичното однесувањето на мажите.
Дуа ја понесе со себе наградата „Powerhouse Award“.
„Но, сè уште сме далеку од вистинската еднаквост“ – рече таа во својот говор.
Видео

