Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Доброто со добро се враќа: Двејн Џонсон му го подари својот автомобил на хуман обожавател

Доброто со добро се враќа: Двејн Џонсон му го подари својот автомобил на хуман обожавател

Кога добрината не поминува ненаградена... Двејн Џонсон израдува обожавател кој прави многу хумани дела, подарувајќи му го својот автомобил.

Славниот актер пристигна на прикажувањето на неговиот нов филмски хит „Red Notice“ во киносалата во која се наоѓаше Оскар Родригез.

Џонсон го повика Оскар на сцената и го прегрна за да му се заблагодари за сите добри дела кои ги прави. Оскар се грижи за 75-годишната мајка, служи во локалната црква, нуди поддршка и топли оброци за жени кои се жртви на семејно насилство, има служено во воените сили на САД и е фитнес тренер кој секогаш шири позитивна енергија.

Потоа, заедно излегоа надвор каде Двејн преку картичка му соопшти дека му го подарува неговиот личен автомобил.

На среќата ѝ немаше крај. Погледнете го видеото:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.