Дејвид и Викторија Бекам се релаксираа во Мајами непосредно пред нејзиниот роденден.
Парот присуствуваше на забава во The Goodtime Hotel, чии домаќини беа сопствениците Фарел Вилијамс и Дејвид Грутман.

На големата забава присуствуваа и многу славни личности меѓу кои Ким Кардашијан, Малума, Ванеса Хаџенс и Мајкл Беј.
Додека Викторија носеше парчиња од својот бренд, Ким за вечерта избра фустан во златна нијанса од колекција на Диор од 2000 година.













Викторија го прослави 47-миот роденден токму во Мајами и му се заблагодари на Дејвид што ѝ го направил денот специјален.



