Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид Бекам сподели фотографија на која ја бакнува во уста 10-годишната ќерка, предизвика лавина коментари

Дејвид Бекам сподели фотографија на која ја бакнува во уста 10-годишната ќерка, предизвика лавина коментари

Дејвид Бекам доби бројни коментари откако објави нова фотографија на која ја бакнува во уста ќерката Харпер.

Дејвид Бекам

46-годишниот поранешен фудбалер сподели моменти од прошетка во парк со 10-годишното девојче и повторно се соочи со пораки од лица со спротивставени ставови. Додека некои интернет корисници ја именуваа фотографијата како „Татковска љубов“, други споделија дека дури и како возрасни личности ги бакнуваат родителите во уста, а трети го пофалија Бекам за врската којашто ја има со Харпер.

Но, реакциите на многумина беа негативни и Дејвид се соочи со бројни критики дека неговото однесување не е соодветно, дека треба да престане да ја бакнува во уста Харпер која е веќе голема и дека бакнувањето во уста може да биде причина за пренесување инфекции.

Ова не е првпат бившиот спортист да споделува фотографии на кои ја бакнува Харпер во уста.

„Всушност, ме критикуваат што ја бакнувам ќерка ми Харпер во уста... Ги бакнувам сите мои деца во устата. Можеби Бруклин не. Бруклин има 18 години, па може да му биде малку чудно, но јас сум приврзан со децата. Така бев пораснат јас, така беше и Викторија, и сега сакаме така да биде и со нашите деца. Сакаме да им покажеме на нашите деца дека ги сакаме, дека ги штитиме, дека се грижиме за нив и дека ги поддржуваме“ – изјави тој пред неколку години.

Дејвид Бекам и Харпер
Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12029 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.