Викторија и Дејвид Бекам имаа можност да ја проследат ревијата на Jacquemus која се одржа во рамките на Париската модна недела.
49-годишната дизајнерка и 48-годишниот поранешен фудбалер со кајче пристигнаа на модниот спектакл во Версај. Парот си размени интимни допири, а моментот беше „уловен“ од присутните фоторепортери.









На ревијата на францускиот моден бренд дефилираа најпопуларните модели, како Џиџи Хадид и Кендал Џенер.






