Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид Бекам привлече спротивставени коментари затоа што ја бакнува ќеркичката Харпер во уста

Дејвид Бекам привлече спротивставени коментари затоа што ја бакнува ќеркичката Харпер во уста

Вчера Дејвид Бекам сподели неодолива фотографија на која ја бакнува ќеркичката Харпер во уста и предизвика лавина од спротивставени коментари.

Додека едни го критикуваа 43-годишниот поранешен фудбалер дека „греши“, други застанаа во негова одбрана, велејќи дека врската меѓу Дејвид и Харпер е прекрасна.

View this post on Instagram

Christmas is coming Let’s go skate ️

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on

„Одвратно“, „Болно“, „ОК луѓе, одвратни ми сте. Татко да ја бакнува ќерка си е изопачено. Треба да се засрамите од себеси“, „Таа ти е ќерка... Зошто ја бакнуваш на усните? Тоа е бакнеж за сопругата“, „Бакнеж на образот е подобар одошто во уста. Во уста едноставно е чудно“ – се само дел од критиките упатени до Бекам на Instagram.

Но, голем дел од неговите фанови веднаш застанаа во негова обрана, признавајќи дека и самите ги бакнуваат своите деца и своите татковци во уста. Не изостануваа и коментарите дека Дејвид е прекрасен татко кој ги усреќува неговите деца.

„Нема ништо погрешно на фотографијата. Таа едноставно ја прикажува љубовта меѓу татко и ќерка“, „Многу ќерки посакуваат да се вака поврзани со своите татковци“, „Имам 41 година и сè уште се бакнувам со татко ми во уста“, „Ова е здрава врска татко-ќерка“, „Никогаш нема да престанам да ги бакнувам моите малечки во уста“ – се само дел од позитивните коментари.

Во минатото и Викторија Бекам беше критикувана што ја бакнува Харпер во уста.

Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11649 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.