Во брзото и динамично секојдневие, родителите често без размислување знаат да изговорат реченици кои длабоко се врежуваат во детската психа. Непромислено кажаните зборови не исчезнуваат лесно и понекогаш стануваат невидлив товар што детето го носи со себе целиот живот.
Наде Молеровиќ, позната по своите поучни и емотивни обраќања, уште еднаш допре до родителите. Познатата наставничка предупреди дека постојат зборови кои никогаш не смеат да се најдат ниту во речникот на еден родител, ниту во речникот на просветен работник.
Ова е нејзината „црна листа на реченици“, т.е. зборови што можат да повредат повеќе од што мислиме и кои ја рушат детската самодоверба.

Црна листа на реченици кои ниеден родител ниту наставник не треба да ги помисли ниту изговори на детето!
Најстрого треба да бидат забранети!
И ставени на огласна табла како реченици кои ја „убиваат“ детската душа!
ТИ ништо не правиш како што треба! - Го прогласува детето за неспособно!
ТИ секогаш правиш проблеми! - Го дефинира преку грешките!
Ти си премногу чувствителен/а! - Го прави да се срами од чувства!
ТИ немаш право да зборуваш! - Го замолчува детскиот глас!
Ќе видиш кога ќе дојде татко ти! - Го учи на страв наместо на одговорност!
ТИ не си доволно паметен, ништо не знаеш! - Го „убива“ потенцијалот! Го гуши!!
Не ми се зборува со тебе! - Го исклучува од љубовта!
Најтешката реченица: ТИ си проблем!!!!
Не, не е детето проблем! Проблем е реченицата „Ти си проблем“!
Детето си мисли и слуша: Јас сум товар! Јас не заслужувам љубов! Јас сум причина за туѓа болка! Нема место тука за мене! Ако јас сум проблемот, тогаш да ме нема!!!
Со тек на време, слушајќи го ова, детето самото почнува да си повторува:
Јас сум проблем!
Немој да зборуваш!
Немој да се истакнуваш!
Немој да бараш љубов!........
И ете, така стануваат возрасни кои молчат!
Слушаат, се плашат, не си веруваат, чекаат некој друг да им го креира животот!!!