Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мајки застанаа во одбрана на Викторија Бекам која беше критикувана зашто ја бакнува ќерка си во уста

Мајки застанаа во одбрана на Викторија Бекам која беше критикувана зашто ја бакнува ќерка си во уста

Викторија Бекам ѝ го честиташе роденденот на својата ќеркичка Харпер со фотографија на која ја бакнува во устата, но покрај бројните пофалби за нејзината мајчинска љубов и посветеност, познатата дизајнерка доби и многу критики.

Многу лути родители упатија негативни коментари кон сопругата на Дејвид Бекам затоа што сметаат дека е чудно и одвратно бакнувањето на децата во уста.

„Чудно е да ги бакнуваш своите родители во уста. Треба да престанеме на им велиме на другите дека не е“, „Убаво е, но не треба да ги бакнувате вашите деца во устата. Не се обидувам да бидам груба, но тоа е вистината“, „Зошто по ѓаволите ја бакнуваш ќерка ти во уста?“ – пишуваат револтирани родители на социјалните мрежи, алудирајќи на фотографијата на поранешната членка на Spice Girls.

Викторија Бекам

Фотографијата на Бекам на Instagram „заработи“ над половина милион допаѓања и илјадници позитивни коментари и пофалби. „Прекрасно! Тоа е вистинска љубов помеѓу мајка и ќерка“, „Ја обожавам оваа фотографија и мило ми е што не ја тргна од твојот профил. Како некој може да каже толку ужасни нешта и да смета дека е одвратно што ја бакнуваш ќерка ти. Ние те поддржуваме целосно“, „Колку прекрасна фотографија! Среќен роденден на твоето специјално мало девојче Харпер! Нека биде секогаш благословена. Јас ги бакнувам моите девојчиња постојано и на усните, тоа е најприродното нешто за една мајка. Тажна сум за оние кои го сметаат ова за навредливо или лошо на некој начин. Се надевам дека ќе пронајдат нешто позитивно во кое ќе го вложат своето време и коментари“, „Треба да пишуваат вести за родителите кои не им даваат на своите деца никаква љубов, наместо за тоа како родителите ги сакаат и се грижат за своите деца“ – се дел од коментарите на лицата кои ја поддржуваат Викторија.

Неколку мајки дури и си споделија фотографии на кои ги бакнуваат своите ќерки во уста.

Мајка со ќерка Мајка со ќерка Мајка со ќерка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12068 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.