Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Денес полнам 35 години и сè уште не ми треба ботокс“: Елена Ристеска сподели фотографии од роденденот

„Денес полнам 35 години и сè уште не ми треба ботокс“: Елена Ристеска сподели фотографии од роденденот

Елена Ристеска го прослави 35-тиот роденден во друштво на најблиските пријателки.

На Instagram, македонската пејачка сподели фотографии од малата прослава и од подарокот кој го доби.

Елена Ристеска

Во описот таа напиша:

Пријателството е како цвеќе, колку повеќе го наводнуваш, толку повеќе расте. И како што старееш, кругот на пријатели ти се намалува. Но, за мене е доволен.

Моите најдобри пријателки на овие фотографии ми го направија овој ден хармоничен, јадевме посна торта поради мојот велигденски пост и ми дадоја ПРЕКРАСЕН подарок – грамофон на кој конечно ќе можам да слушам грамофонски плочи и конечно на него ќе можам да ја слушам мојата песна ‘Доста’.

Не се сите мои пријатели присутни на фотографиите, но ги сакам и нив. Не можев да направам поголема забава поради ситуацијата со Ковид.

Ви благодарам на СИТЕ за роденденските желби и иако се обидов, не успеав да одговорам на стотиците пораки кои ги добив денес. Ми значи сè на светот секој збор кој издвоивте време за да ми го напишете. Денес полнам 35 години и сè уште не ми треба ботокс, можеби следната година.

Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска

Каролина Гочева беше меѓу пријателките на Елена кои со пораки ѝ го честитаа роденденот.

Елена Ристеска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11898 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.