Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Љубовна драма во спотот на Елена Ристеска и Панчо за „Како да се радувам“

ВИДЕО: Љубовна драма во спотот на Елена Ристеска и Панчо за „Како да се радувам“

Елена Ристеска и Панчо од ДНК го објавија спотот за дуетот „Како да се радувам“. Видеозаписот се снимаше во казиното „Фламинго“ во Гевгелија.

Песната е дел од новиот албум на Елена, насловен како „Без шминка“.

„Песната „Како да се радувам“ е една од новите песни која се наоѓа на мојот последен албум и по неговата промоција, веќе ми беше јасно дека мора да се снимиме спот за неа. Се надевам дека публиката ќе ужива, а впрочем ова е и мој подарок по повод Денот на жената 8-ми март“ – вели Елена.

И Панчо не го криеше задоволството од соработката со популарната македонска пејачка. „Со Елена многупати сме разговарале за соработка и конечно се случи. Јас уживав во снимањето на песната, а исто така и додека го снимавме спотот. Нека биде исто така оваа песна и спот подарок од мене за сите припаднички на понежниот пол“ – изјави Панчо.

За спотот да изгледа така како што изгледа заслужни се и Даниел Николовски, Мила Кадриу и „Фешн Груп“.

Видео

Елена Ристеска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11182 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.