Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Деми Ловато заврши во болница поради предозирање

Деми Ловато заврши во болница поради предозирање

Деми Ловато вчера беше пронајдена во бессознание и итно одведена во болница, а како причина се наведува предозирање со дрога. За среќа, таа сега е во стабилна здравствена состојба.

Деми Ловато

Кога пристигнала медицинска екипа во домот на 25-годишната пејачка, таа не била свесна и била третирана со Naloxone, познат и по името Narcan, лек кој се дава за да го блокира ефектот на дрогата, особено при предозирање.

Иако првичните информации се дека станува збор за предозирање со хероин, блиски на музичката ѕвезда тврдат дека не станува збор за хероин.

„Нејзините пријатели знаеја дека ќе дојде до ова, затоа што пречесто примаше дрога. Синоќа тие цела ноќ се забавуваа во нејзината куќа. За среќа, Narcan делуваше и таа ќе се опорави“ – изјавил извор за Us Weekly.

Официјален претставник на пејачката изјавил: „Деми е будна и е со нејзиното семејство, кое сака да изрази благодарност на сите за љубовта, молитвите и поддршката. Некои од информациите се погрешни и тие бараат приватност, а не шпекулации, бидејќи нејзиното здравје и закрепнувањето се најважни сега“.

Деми Ловато

Ловато неколкупати отворено има зборувано за зависноста од дрога и алкохол, а пред инцидентот тврдеше дека е трезна шест години. Таа не крие дека за првпат пробала кокаин кога имала само 17 години и снимала детски филмови за Дизни.

Деми со години се бореше во зависност од дрога и алкохол, ментални растројства и нарушување во исхраната. Во 2010 година таа беше лекувана за биполарно растројство, булимија, самоповредување и зависност од алкохол и дрога.

Изјави од бројни извори алудираат на тоа дека Деми во изминатиот период не беше целосно трезна.

„Можеше да знаеш кога Деми ја одржуваше својата трезвеност бидејќи не излегуваше во клубови. Таа сè уште се придржуваше кон работниот распоред и секојдневниот живот, но дефинитивно имаше знаци кои покажуваа дека нејзе не ѝ оди добро со трезноста.“

„Деми никогаш не беше навистина трезна и чиста од сите нејзини демони. Таа се бореше со депресија и анксиозност веќе извесен период – и сè уште е на такво мрачно место. Таа беше трезна одреден период, но не комплетно трезна во овие шест години.“ – се дел од изјавите на изворите.

Деми Ловато

Погледнете документарен филм во кој Деми зборува за својот живот и зависноста од дрога:

Славни личности ѝ испратија љубов и поддршка на Ловато преку постови на социјалните мрежи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9531 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.