Почетна » Новости » Актуелно » dm раззелени 4 училишни двора за 2 месеци како дел од конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“

dm раззелени 4 училишни двора за 2 месеци како дел од конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“

Продолжуваат активностите за пошумување и раззеленување како дел од проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ кој компанијата dm drogerie markt го реализира во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД). Овој месец, ООУ „Рилиндија“ во С.Батинци и ООУ „Кочо Рацин“ во Општина Петровец, добија донација наменета за набавка на 256 садници, за да се збогати хортикултурното уредување и да се подобри вегетацијата на нивните училишни дворови.

Зелена иднина: од градинка до училиште

Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ има за цел да го поддржи раззеленувањето и хортикултурното уредување на дворовите на државните и општинските градинки и училишта во земјата, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците. Минатиот месец беа раззеленети дворовите на ООУ „Стив Наумов“ од Битола и ООУ „Његош“, Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје. Преку зелените училишни дворови учениците дишат почист воздух богат со кислород, мотивирани се да играат и да се дружат повеќе надвор, и се стекнуваат и со поголема мотивација за едукација. А со новите засадени стебла ќе добијат и повеќе сенки за освежување за време на топлите денови и заштита од силните УВ сончеви зраци.

Садењето беше збогатено и со едукативни предавања, благодарение на експертизата и стручноста на претставниците од Македонското еколошко друштво. Преку овие предавања, учениците имаа можност пред садењето, да научат многу повеќе за тоа колку е важно да се грижиме за животната средина.

Сите проекти пријавени на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ ги разгледува специјално составен стручен тим од претставници на dm drogerie markt и претставник од Македонското еколошко друштво (МЕД). На конкурсот можат да се пријават сите државни и општински градинки, основни и средни училишта, а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. Во секој од предвидените месеци за садење се реализираат по два проекти. Пријавувањето на нови проекти за конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ може да се направи преку формуларот за пријава на платформата „Заедно едни за други“.

Зелена иднина: од градинка до училиште

Ова е еден начин на кој dm drogerie markt во соработка со Македонското еколошко друштво-МЕД враќа кон заедницата во која постои и покажува висока еко-свест за животната средина. Но, со донацијата dm поставува и пример за еко-одговорност, учејќи ги децата дека треба да се грижиме за природата и да го посадиме зеленилото кое сакаме да го видиме околу нас, исто како што со образованието ја негуваме следната генерација на луѓе на кои ќе го оставиме светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30457 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.