Франсија Раиса имаше забавен ден на плажа во Малибу, па папараците не пропуштија да ги уловат тие моменти.
Девојката која ѝ го спаси животот на Селена Гомез донирајќи ѝ бубрег, беше фотографирана во танга бикини додека играше одбојка со пријатели.
На дел од фотографиите се гледаат и лузните на нејзиниот стомак од операцијата за трансплантацијата.













Селена и Франсија беа најдобри пријателки во моментот на трансплантацијата, но подоцна започнаа да кружат шпекулации дека имале одредени несогласувања.
Пред неколку дена, Селена ги поби тие тврдења кога сподели заеднички фотографии и порака за да ѝ го честита роденденот на Франсија.
„Најсреќен роденден на ова посебно човечко суштество. Без разлика каде ќе нè одведе животот, те сакам“ – напиша Селена.



Раиса на Instagram сподели фотографии од својата роденденска прослава.


Трансплантацијата на бубрег ѝ беше извршена на Селена во 2017 година поради лупус.

