Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Двојна радост: Бијонсе и Џеј Зи станаа родители на близначиња

Двојна радост: Бијонсе и Џеј Зи станаа родители на близначиња

Бијонсе се породи. Музичката дива и Џеј Зи им посакаа добредојде на овој свет на близначиња.

Среќната вест ја потврди извор близок на парот за реномираното списание People. „Бијонсе и Џеј Зи се многу возбудени и веќе започнаа да ја споделуваат веста со семејството и најблиските пријатели – изјавил изворот.

Бијонсе и Џеј Зи

Веста за втората бременост, 35-годишната пејачка ја сподели објавувајќи фотографија од трудничкото стомаче и кратка порака. „Би сакале да ја споделиме нашата љубов и среќа. Благословени сме двојно. Многу сме благодарни што нашето семејство ќе порасне за два и ви благодариме за вашите добри желби“ – напиша таа.

Бијонсе

Славните музичари сè уште го немаат потврдено полот на близначињата. Тие заедно имаат уште едно дете – петгодишната ќеркичка Блу Ајви.

Бијонсе Бијонсе со семејството Бијонсе со семејството Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Талентираната пејачка и 47-годишниот рапер стапија во брак во април 2008 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.