Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Двејн Џонсон му купи автомобил на човекот кој му обезбеди дом кога беше останат без кров над главата

Двејн Џонсон му купи автомобил на човекот кој му обезбеди дом кога беше останат без кров над главата

Двејн Џонсон не ја заборави добрината на човекот кој му помогна во најкритичниот момент во неговиот живот. Славниот актер познат како „The Rock“ му купи нов автомобил на неговиот пријател Бруно Лауер, кој му обезбедил дом во тинејџерските денови.

Имено, кога Џонсон имал 15 години, со неговата мајка не можеле да си ја платат киријата, па морале да си заминат од Хаваи. По оваа случка, тој бил испратен во Нешвил кај татко му, но поради промена на плановите, Двејн отишол да живее со Бруно, кој му даде кров над главата и му помогна во многу моменти подоцна во животот.

Прочитајте ја пораката на Двејн:

Мојот живот (особено во тинејџерските денови) беше полн со луди пресврти. Сепак Бог и универзумот секогаш наоѓаа начин за да ми го променат патот по кој чекорев.

Запознајте еден од моите доживотни пријатели, Бруно Лауер.

Јас и мајка ми бевме протерани од островот Хаваи и ме испратија во Нешвил, Тенеси, да живеам со татко ми. Кога слетав во Нешвил, брзо дознав дека нема да живеам со татко ми. Лоши работи се случуваат, плановите се менуваат и така продолжува. Наместо тоа, ми кажаа дека ќе живеам со човек по име Бруно, кој во тоа време живееше во мала соба во мотел.

Бруно можеше да рече: ‘Не, не земам некое дете кое не го познавам’.

Но, не го рече тоа.

Тој го прими детето и станаа најдобри пријатели.

Иронично, 9 години подоцна, кога имав само 7 долари во џебот, јас ја започнав мојата боречка кариера во Мемфис и повторно немав каде да живеам. Бруно повторно ме прими во неговото комбе, додека да застанам на нозе.

Среќен Божиќ Бруно. И бидејќи ми помогна да си го „купам“ мојот прв автомобил – сфатив дека можам да ти возвратам за услугата.

Те сакам, брате.

Твојата љубезност и твоето срце ми помогнаа да го сменам правецот на мојот живот.

Двејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.