Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Божиќно изненадување: Двејн Џонсон ѝ подари куќа на мајка си, а таа едвај си ги задржа солзите

Божиќно изненадување: Двејн Џонсон ѝ подари куќа на мајка си, а таа едвај си ги задржа солзите

Двејн Џонсон ја израдува својата мајка со прекрасен божиќен подарок. 46-годишниот актер ѝ подари нова куќа, а емотивниот момент на соопштувањето на веста го овековечи со видео.

„Изненадување! Ѝ купив на мајка ми нова куќа за Божиќ. Цел живот, додека растев, ние живеевме во мали апартмани насекаде низ земјата. Живеевме како цигани, патувајќи од една држава во друга.“

„Првиот дом во кој моите родители живееја, беше оној кој им го купив во 1999 година. Тие се разведоа речиси 5 години подоцна.“

„Оттогаш, се обидувам мајка ми и татко ми секогаш да имаат сè што им треба – куќи, автомобили итн. Но, куќата овој пат е специјална и тајмингот е многу значаен. Ѝ кажав да ја користи оваа честитка како „Златен билет“, бидејќи може да го избере кој било дом што ќе го посака – каде и да посака. Секогаш велам, ако имаш добра мајка, тогаш имаш прилично многу добра можност да станеш пристојно човечко суштество. Среќен Божиќ Мамо и уживај во твојот нов дом“ – напиша Двејн во описот на видеото на Instagram.

Претходно, Двејн сподели слатка празнична фотографија со двете мали ќеркички.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.