Даниел Кајмакоски ужива во летото заедно со своето семејство. Популарниот пејач на Instagram сподели фотографии од одморот со сопругата и бебенцето.
На нив, талентираниот музичар го држи во рацете синчето Стефан, кое се роди на 30 април оваа година. „Создаваме убави спомени“ - напиша тој.



Заљубениот пар се венча на почетокот на годината.

Даниел има и синче од првиот брак со Кристина Димитријевска.
