Даниел Кајмакоски повторно заплива во брачните води. Македонскиот пејач објави дека се ожени со својата девојка.
39-годишниот музичар сподели две фотографии, а на едната напиша „Штотуку венчани“.


Даниел ја објави првата фотографија со новата љубов во септември 2022 година.
„Ти си сè што некогаш посакував. Фала што секојдневно ме туркаш кон моите соништа“ и „Ајде да ја исполниме книгата со љубов и радост“ – се дел од пораките кои Даниел ги има напишано на нивните заеднички фотографии.
Даниел претходно беше во брак со Кристина Димитријевска, од која се раздели во 2020 година. Тие заедно имаат едно дете.
