Џоан Колинс постојано докажува дека годините се само обична бројка.
87-годишната актерка, позната по улогата во серијата „Династија“, изгледаше елегантно во креација со шлиц додека се упатуваше на вечера во омилениот ресторан во Холивуд. Филмската ѕвезда беше придружувана од сопругот Перси Гибсон.





Деновиве таа повеќепати беше фотографирана додека излегуваше со својот сакан.




Џоан се омажи за својот петти сопруг Перси, кој е 31 година помлад од неа, на 17 февруари 2002 година во Лондон.