Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џоан Колинс откри дека абортирала на 26 години, вереникот сметал дека бебето ќе им ги уништи кариерите

Џоан Колинс откри дека абортирала на 26 години, вереникот сметал дека бебето ќе им ги уништи кариерите

Џоан Колинс си ја отвори душата во нејзината автобиографска книга „Behind the Shoulder Pads“.

90-годишната актерка открива многу детали за нејзиниот живот кои досега биле скриени од јавноста и од медиумите. Таа признава дека абортирала кога имала 26 години, бидејќи нејзиниот тогашен вереник Ворен Бејти сметал дека тоа ќе им ги уништи кариерите.

Ѕвездата од серијата „Династија“ го прифатила неговиот совет и абортирала. Тие никогаш не стапија во брак.

Џоан Колинс

Џоан споделува дека Ворен лошо изреагирал кога му ја соопштила веста за бременоста.

„Бремена? Како се случи тоа? Тоа е ужасно. Ужасно!“ – ѝ рекол тој.

Во тоа време, абортусот бил практично нелегален секаде, па Бејти ја одвел кај поранешен хирург. Утрото пред процедурата, Колинс се обидела да го премисли, но Ворен бил упорен да се продолжи со абортусот.

„Пеперутче, не можеме. Не можеме да го направиме тоа. Да имаме бебе сега ќе ни ги уништи кариерите и на двајцата“ – ја убедувал тој.

Џоан Колинс Џоан Колинс

Гледајќи наназад, денес Џоан признава дека раѓањето дете ќе ѝ ја стопираше кариерата, бидејќи во тоа време било многу лошо да се има вонбрачно дете.

„Ќе беше погрешно да имав дете на 25 или 26 години, во време кога да се има вонбрачно дете се сметаше речиси за кривично дело. Навистина беше така. И тоа би ми ја уништило кариерата“ – вели Џоан. „Многу жени се чувствуваат виновни, што мислам дека е шокантно, бидејќи се принудени да чувствуваат вина од страна на мажите“ – дополнува таа.

Џоан и Ворен се разделија, а таа денес има три деца – Тара и Александар од бракот со композиторот Ентони Њули, и ќерката Кејти од бракот со Рон Кас.

Џоан Колинс

Колинс сега е во брак со Перси Гибсон, кој е нејзин петти сопруг.

Џоан Колинс Џоан Колинс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.