Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Да, љубов на прв поглед постои“: Викторија Бекам се отвори за моментот кога се вљуби во Дејвид

„Да, љубов на прв поглед постои“: Викторија Бекам се отвори за моментот кога се вљуби во Дејвид

Викторија Бекам е ѕвездата од новото издание на британскиот „Вог“. 42-годишната дизајнерка сними фотосесија со фотографот Локлан Бејли и напиша кратко писмо во кое го раскажува моментот кога се заљубила во Дејвид.

Писмото е насловено „Што посакувам да знаев“ и во него Викторија го открива моментот кога се запозна со успешниот поранешен фудбалер, признава дека немала самодоверба во тинејџерските денови и зборува за експериментирањето со својот изглед.

Викторија Бекам

Што посакувам да знаев

„Научи повеќе за фудбал, особено правилото за офсајд. И да, љубов на прв поглед постои. Ќе ти се случи тебе во фоајето на играчите на Манчестер Јунајтед – ќе се испијаниш малку, па точните детали се малку нејасни.

Додека останатите фудбалери се на барот и пијат со своите пријатели, ќе го видиш Дејвид како стои настрана со своето семејство. (Во овој момент тој не е ниту во првиот тим – од вас двајцата, ти си славната личност). Тој има толку слатка насмевка. Ти, исто како и Дејвид, си блиска со своето семејство и ќе си помислиш колку сте слични. Ќе ти го побара телефонскиот број. (Тој сè уште го чува авионскиот билет Лондон-Манчестер на кој ти му го напиша бројот.)

Ти не си најубавата, или најслабата, или најдобрата танчарка во колеџот Laine Theatre Arts. Никогаш не се вклопи таму. Имаш лоши акни.

Ќе се забавуваш многу со својата облека – PVC костими, чокери кои кажуваат апсурди нешта, чудна руса коса со боцки. Никогаш нема ни да ти падне на памет дека изгледаш смешно. Ќе се појавуваш на церемонии за доделување на награди изгледајќи како транвестит. Но, јас се навраќам на тебе со насмевка. Тоа ќе ти го зголеми интересот во животот да одиш од една крајност во друга. Го сакам фактот што ќе се чувствуваш слободна да се изразиш себеси.

Како што ќе созреваш, ќе учиш да ги заменуваш штиклите со Стен Смит патики, кратките фустани со атрактивни бели кошули. И никогаш нема да бидеш личност која скока од кревет и лета низ врата.“

Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11425 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.