Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Грчкиот пејач Сакис Рувас за ќеркичките на 8 Март: „Нашите девојчиња се способни да направат сè што сонувале“

Грчкиот пејач Сакис Рувас за ќеркичките на 8 Март: „Нашите девојчиња се способни да направат сè што сонувале“

Се сеќавате на Сакис Рувас? Грчкиот пејач, кој со песната „Shake It“ ја претставуваше својата земја на Евровизија во 2004 година, сега е посветен татко и сопруг.

51-годишниот музичар сподели фотографии со малата ќеркичка и напиша прекрасна порака за 8 Март за двете ќерки.

Фотографиите со слатката Ариадни се направени со неколку години разлика.

„Нашите девојчиња се способни да направат сè што сонувале. Тие се силни, интелигентни, динамични жени со свои ставови и причини. Ајде да се потсетиме дека ние самите си ставаме стереотипи и етикети на нас и на другите околу нас. Ајде да ги порасниме нашите девојчиња со тоа на ум“ – напиша тој.

Сакис Рувас Сакис Рувас

Сакис стапи во брак со Катја Зигули во 2017 година. Тие се заедно од 2003 година и имаат четири деца, кои беа присутни на венчавката.

Сакис Рувас Сакис Рувас Сакис Рувас

Потсетете се на неговиот настап на евровизиската сцена:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27138 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.