Наоми Кембел повторно го изненади светот со веста дека доби уште дете. Како за првото дете, така и за второто, 53-годишната манекенка ја чуваше веста во тајност сè до доаѓањето на бебето на овој свет.
Кембел со фотографија откри дека доби синче, а на Instagram напиша:
„Мое мало миличко, знај дека си неизмерно ценето и опкружено со љубов од моментот кога нè почести со твоето присуство. Вистински дар од Бог! Добредојде момченце. Никогаш не е предоцна да станеш мајка“.

Наоми го шокираше светот во мај 2021 година, кога објави дека стана мајка само неколку недели откако дефилираше на ревија без видливо стомаче. Таа не откри како ја доби ќерката, но се претпоставува дека беше со помош на сурогат-мајка.




