Викторија Бекам е ѕвездата која го краси февруарското издание на Harper’s Bazaar.
45-годишната дизајнерка позираше во креации од сопственото ателје пред објективот на фотографката Елен фон Унверт.

Во интервјуто, славната сопруга на Дејвид Бекам искрено и отворено зборуваше за убавината и несовршеностите, како и стилот и нејзиниот бренд.
„Дали се сметам себеси за убава? Не, апсолутно не. Но, го користам најдобро тоа што го имам. Ги гледам моите несовршености и недостатоци и се насмевнувам. Тоа е она што сум и нема да се обидам да го променам.“
„Работам напорно, изгледам ОК, имам четири деца со кои се гордеам и прекрасен сопруг и сум самоуверена. Додека растеш, се опседнуваш со небитни нешта, но како што старееш, учиш како да се чувствуваш комфорно во сопствената кожа“ – објаснила Викторија.



„Навистина се фокусирам на брендот, гледам во неговата ДНК и во мојата заедница. Ги гледам како прекрасни модели на облека, одлични силуети, чудни бои кои обично не би ги споиле самите. Се работи за презентирање на облека која е доволно добра за пистата, а која луѓето ќе ја носат. Не сакам да носам комплицирани модели, секогаш го развивам она што сакам да го имам во мојата гардероба“ – додала Бекам.





