Џенифер Лопез ја вжешти атмосферата на финалето на шоуто American Idol. Облечена во кратко бело фустанче и високи златни гладијаторки, 43-годишната ѕвезда енергично танцуваше додека ја пееше новата „Live It Up“ во придружба на Питбул.

По динамичната изведба беше објавен трејлер за спотот за песната, снимен во Мајами.
На финалето беше прогласена и победничката во 12. сезона на музичкото шоу. Новиот американски музички идол е Кендис Гловер.