Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Џенифер Лопез во блескав фустан во шоуто на Џејмс Корден, зборуваше за својата нова љубов

ВИДЕО: Џенифер Лопез во блескав фустан во шоуто на Џејмс Корден, зборуваше за својата нова љубов

Синоќа, Џенифер Лопез беше гостинка во шоуто на Џејмс Корден за да го промовира своето ново шоу за танцување „World Of Dance“.

Во „Late Late Show“, 47-годишната пејачка и актерка блесна во сребрен фустан со проѕирен долен дел. Во текот на емисијата, Лопез зборуваше за своето ново момче Алекс Родригез и откри дека е многу среќна со него.

Откако Корден ѝ постави прашање за нејзиниот престој во Мајами, Џеј Ло засрамено го опиша својот сакан како забавно, добро и прекрасно момче. „Најдобар е. Ќе ти се допадне. Тој е одлично момче. Забавен е. Прекрасен“ – рече Лопез.

Видео

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Гости во синоќешното издание од шоуто на Корден беа и актерите Џастин Теру и Тери Крус.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Лопез и Родригез се во врска од март оваа година, а за првпат заедно на свечен настан се појавија на балот МЕТ пред неколку дена. Парот беше фотографиран и на забавата по свеченоста.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11570 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.