Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Шокантно слабиот 50 Cent во „Things Fall Apart“

ВИДЕО: Шокантно слабиот 50 Cent во „Things Fall Apart“

Кога во мај минатата година на интернет се распространија фотографии од раперот 50 Cent на кои тој изгледаше како скелет, многумина се сомневаа во нивната автентичност.

Познатиот рапер тогаш ослабел 24 килограми за да може во новиот филм најдобро да ја долови улогата на спортист кој боледува од рак.

50 Cent

Денес се појави првиот неофицијален трејлер за филмот „Things Fall Apart“. Во видеото може да се види шокантно слабата фигура на 35–годишниот музичар кој доста сериозно гради кариера во филмската индустрија.

Минатата година тој изјави дека овој филм му е многу важен и дека е посветен на негов пријател кој починал од рак. „Мотивација за проектот беше мојот пријател, Чарлс Прингл. Тој живееше спроти мојата куќа, тој почина од рак“ – споделил 50 Cent.

Со помош на течна диета и секојдневно 3-часовно вежбање на стационарна лента за трчање, славниот рапер успеал своите 97 килограми да ги стопи до 72,5 за 9 недели.

50 CentФотографија од 50 Cent објавена минатата година

„Гладував“ – изјави тогаш 50 Cent, кој вети дека за брзо време ќе се врати во форма. И навистина го направи тоа.

50 CentФотографија од 50 Cent објавена минатата година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.