Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Свадбата на Едвард и Бела во првиот трејлер на Breaking Dawn

ВИДЕО: Свадбата на Едвард и Бела во првиот трејлер на Breaking Dawn

Првиот трејлер за новото продолжение на сагата Twilight стигна до многубројните обожаватели низ целиот свет. Иако беше најавено дека трејлерот премиерно ќе биде прикажан на MTV Movie Awards, неколку часа пред манифестацијата краткото видео веќе се распространуваше на интернет.

Трејлерот им дава можност на милионите нетрпеливи обожаватели да ја ѕирнат свадбата на Едвард и Бела, нивниот меден месец и моментите кога тие дознаваат дека наскоро ќе имаат дете.

Исто така, неколку кадри го покажуваат бесот на Џејкоб предизвикан од свадбената покана на Едвард и Бела.

Последното поглавје од Twilight, Breaking Dawn, е поделено на два дела. Првиот дел ќе се појави на 18 ноември оваа година, а вториот дел може да се очекува на 16 ноември 2012.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.