Почетна » Новости » Занимливости » За љубителите на „Twilight“: Стефани Мајер летово ќе издаде книга од перспектива на Едвард Кулен

За љубителите на „Twilight“: Стефани Мајер летово ќе издаде книга од перспектива на Едвард Кулен

Ако сте обожавател на „Twilight“ на Стефани Мајер, со радост ќе ја дочекате веста дека летово ќе биде издадена нејзината книга „Midnight Sun“. Во неа, се раскажани случувањата од „Twilight“, но не од гледна точка на Бела, туку на вампирот Едвард Кулен.

Twilight Twilight

Пред 12 години, славната авторка го прекина пишувањето на книгата откако првите 12 поглавја од неа „истекоа“ онлајн. „Ако се обидев да ја допишам ‘Midnight Sun’ сега, со мојот сегашен начин на размислување, Џејмс веројатно ќе победеше и сите членови од семејството Кулен ќе умреа, што немаше да се совпадне со оригиналната приказна. Многу сум тажна поради тоа што се случи, па мојата работа на книгата е на пауза неопределено време“ – изјавила тогаш Стефани, овозможувајќи им достап на фановите во првите 12 поглавја од книгата.

46-годишната новелистка пред два дена објави дека „Midnight Sun“ ќе биде пуштена во продажба на 4 август годинава.

Twilight

Сакате да ги прочитате првите 12 поглавја од книгата? Кликнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.