Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Сандра Булок низ солзи зборуваше за посвојувањето на двете деца

ВИДЕО: Сандра Булок низ солзи зборуваше за посвојувањето на двете деца

Сандра Булок се отвори за посвојувањето на двете деца. 53-годишната актерка низ солзи зборуваше за 8-годишниот син Луи и 5-годишната ќерка Лајла.

Во видеото, холивудската ѕвезда открива дека приоритет во животот ѝ се децата и дека прави сè за да се грижи за нив најдобро што може.

Видео од интервјуто

„Приоритет ми се децата. Сè е за тие да бидат добро, да одат на школо, да имаат сè што им треба, нивните моменти. Морам да бидам покрај нив во секој момент. Потешко ми е мене да ги оставам, отколку што сметам дека им е ним кога заминувам. Не заминувам толку многу и веќе не работам толку многу. Па, приоритет ми се децата, децата, децата. Моето семејство. Тоа е тоа“ – вели Сандра.

Булок и нејзиниот поранешен сопруг Џеси Џејмс заедно го започнале процесот за посвојување на првото дете во 2006 година, но се разделија.

Четири години по поднесувањето на документи, актерката го доби своето малечко чудо и го заврши посвојувањето на Луи како самохрана мајка.

„Постојано ми кажуваа: 'Совршеното дете ќе те најде, ти ќе го најдеш твоето дете' и кога ќе се случи тоа, сфаќаш точно за што ти зборуваа“ – вели Булок, која стана мајка на 45 години.

Филмската ѕвезда ја посвои ќерката Лајла во 2015 година, кога девојчето имаше три години. Идејата за посвојување на второ дете ѝ се јавила кога нејзиниот син Луи за време на вечера рекол дека наскоро ќе имаат бебенце.

Сандра Булок со децата Сандра Булок со децата

Приказната на Булок инспирирала многумина да го прошират семејството со посвојување, вклучувајќи ја и водителката Хода, која ја интервјуираше. Хода на 52-годишна возраст посвои девојче.

„Има стотици илјади деца кои се подготвени да бидат твое дете. Ти си засекогаш родител од минутата кога ќе ја прифатиш љубовта на тоа дете“ – изјави Сандра.

Сандра Булок со децата Сандра Булок со децата Сандра Булок со децата Сандра Булок со децата Сандра Булок со децата

Булок моментално е во врска со Брајан Рендал.

Сандра Булок

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.