Секој од нас во животот има играно „тетрис“, но ретко кој ја знае приказната која довела до нејзиното создавање.
Новиот филм на Apple, „The Tetris“ ја раскажува сторијата за оваа популарна видеоигра програмирана од рускиот дизајнер на игри Алексеј Пажитнов.
„Тетрис“ го импресионираше холандскиот претприемач Хенк Роџерс, кој отпатува во Советскиот Сојуз за време на Студената војна за да ги обезбеди правата за дистрибуција на играта, но наиде на потешкотии.
Погледнете го првиот трејлер за филмот режиран од Џон С. Берд: