Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Првиот спот на Take That по обединувањето

ВИДЕО: Првиот спот на Take That по обединувањето

Комплетниот состав на групата Take That се појавува во нивниот прв спот по 15-годишна пауза. Видеото е за песната „The Flood“, којашто е водечка во нивниот нов албум „Progress“.

Во спотот, Роби Вилијамс заедно со Гери Барлоу, Хауард Доналд, Џејсон Оринџ и Марк Овен се облечени во бели униформи, влегуваат во чамец со пет седишта и се натпреваруваат против друг тим.

Take ThatTake That во новиот спот

„Им беше кажано да веслаат како професионалци. Мислам дека им беше тешко... Роби и момците се справија многу добро. Беше како во старите добри времиња. Се шегуваа и им беше забавно“ – пишува британскиот таблоид Sun.

Погледнете го спотот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.