Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Очајните домаќинки се враќаат

ВИДЕО: Очајните домаќинки се враќаат

„Дами, има нова домаќинка во градот“. Тоа се зборовите на Ванеса Вилијамс којашто ќе им се придружи на Ева Лонгорија, Тери Хачер, Марша Крос и Фелисити Хафман во новата сезона на драматичната серија „Очајни домаќинки“.

„Очајни домаќинки“Постерот за промовирање на седмата сезона

А во новата сезона, „домаќинките“ се посекси од било кога, подготвени да ја пречекаат својата нова сосетка. Во новиот клип за промоција на седмата сезона, облечени во секси црвена облека, 4-те домаќинки застануваат очи в очи со Ванеса.

Веќе се појавија неколку информации за тоа што ќе се случува во новата сезона. Но, ние ќе ви откриеме само дека Бри Ван де Камп и ликот на Ванеса ќе започнат „војна“ за освојување на срцето на нов лик во серијата, кој ќе биде глумен од сопругот на Меган Фокс, Брајан Остин Грин.

Еве го интересното видео за промовирање на новата сезона што ќе започне да се емитува на 26 септември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.