Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ сподели дека го победила ракот и дека се соочила со опаѓање на косата поради лекувањето

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ сподели дека го победила ракот и дека се соочила со опаѓање на косата поради лекувањето

Марша Крос сподели со своите фанови дека извојувала победа во тешката битка со анален карцином.

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ објави фотографија од кратката коса и напиша: „Многу сум благодарна и среќна што сум жива, но сум тажна што косата ми испаѓа и сега е долга околу 2,5 см и изгледа лудо. Има ли некој друг кој се соочил со опаѓање на косата поради рак? Зборувај со мене. Те разбирам.“

Марша Крос

Откако доби огромен број на пораки од шокираните фанови, таа одлучи подетално да објасни за што станува збор.

„Најдраги, најљубезни Следбеници, Се извинувам што мојата објава не беше јасна. Го надминав ракот. Сè е во ред сега. Тешко патување, но сум ЗДРАВА, среќна и поприсутна и поблагодарна отсекогаш. Ви благодарам од дното на моето растечко срце за сета ваша љубов“ - стои во нејзината порака.

Отворената порака на 56-годишната актерка, која е мајка на 10-годишни близначки, поттикна многу други лица да ги споделат своите битки со рак и опаѓање на косата.

Семејството на Крос еднаш се избори со тешка болест. Имено, нејзиниот сопруг се лекуваше од рак три години по раѓањето на близначките. Крос тогаш изјави дека девојчињата не знаеле за здравствените проблеми на татко им.

Марша Крос

„Нема поента да им кажуваш на децата. Тие беа многу мали и сè за нив беше нормално, па тие не знаеја дека нешто не е нормално. Тие уживаат во животот. Тато е добар. Тоа е во минатото“ - рече таа.

Марша Крос Марша Крос

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.