Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ не можеше да си ги сокрие силните емоции и се расплака на трибините по победата во Мелбурн

ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ не можеше да си ги сокрие силните емоции и се расплака на трибините по победата во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ дозволи емоциите да го совладаат по 10-тата победа на Австралија Опен и освојувањето на 22-рата Грен слем титула.

Легендарниот српски тенисер се качи на трибините каде што се наоѓаа членовите од неговото семејство и стручниот тим, а солзите потекоа по неговото лице. Ноле плачеше во прегратката на мајка си пред да слезе на теренот.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Меѓу присутните не беше неговиот татко Срѓан, кој одлучи да се дистанцира од медиумското внимание по обвинувањата дека е поддржувач на Путин и Русија.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

И неговата сопруга Јелена не присуствуваше на турнирот во Мелбурн. Причина за тоа биле училишните обврски на децата. Сепак, таа сподели фотографија од сопругот и напиша: „Браво љубави“.

Силните емоции на Србинот веројатно се должат за минатогодишната забрана да учествува на турнирот поради тоа што не беше вакциниран.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10993 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.