Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Мадона ПОВТОРНО се разголи на сцената

ВИДЕО: Мадона ПОВТОРНО се разголи на сцената

Разголувањето на сцената стана задолжителен дел од настапите на Мадона на турнејата MDNA. Минатиот месец таа ја покажа десната града на сцената во Истанбул, потоа во Рим ги турна панталоните за да покаже дел од својот задник, а синоќа во Париз таа ја „почести“ својата публика со разголување на левата града и задникот.

Како и на претходните настапи, на грбот на 53-годишната пејачка стоеја зборовите „No fear“ (Без страв).

Очигледно на Мадона ѝ годи вниманието кое го добива. И покрај тоа што ова е третпат таа да е послободна на сцената, сепак јавноста не прекинува да го коментира нејзиното однесување.

Дел од нејзините фанови ја поддржуваат Мадона и ѝ аплаудираат за храброста, а дел го оценуваат провокативното однесување како очајно. Нејзините критичари се најгласни противници на нејзиното разголување на големите сцени.

Еве го видеото од настапот на Мадона пред публика од 80.000 лица:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11729 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.