Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Мадона лудува низ Италија во спотот за „Turn Up the Radio“

ВИДЕО: Мадона лудува низ Италија во спотот за „Turn Up the Radio“

Мадона лудува низ Италија во видео записот за песната „Turn Up the Radio“. На почетокот на спотот, 53-годишната поп ѕвезда е опкружена од папараци кои се обидуваат да направат добра фотографија.

Потоа, Мадона започнува да танцува во винтиџ кабриолет додека по пат собира млади момци и провокативни девојки. Одвреме-навреме зад неа трчаат возбудени фанови кои го извикуваат нејзиното име. Во еден момент во видеото се појавува и нејзиното вистинско момче, 24-годишниот Брахим Зајбат.

„Мадона не старее“ – искоментираа многу нејзини обожаватели по појавувањето на спотот. И навистина, во видеото Мадона изгледа како млада девојка со ретро шминка и фризура инспирирана од стилот во 60-тите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.